Кинескиот претседател Си Џинпинг вели дека е „подготвен да соработува со Соединетите држави“ и покрај силните тензии меѓу двете земји. Тој ова го наведе пред очекуваниот виртуелен самит со американскиот колега Џо Бајден. Виртуелна средба би можела да се одржи следната недела, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи извор близок до ова прашање, додавајќи дека точниот датум сè уште не е одреден. Тоа ќе биде нивна прва видео средба по пристигнувањето на Бајден во Белата куќа во јануари годинава. Тие досега имале два телефонски разговора.
Пентагон: нуклеарните сили на Кина растат многу побрзо од очекуваното
Кинескиот амбасадор во САД Чин Ганг деновиве го прочита писмото на Си за време на годишниот гала прием на Националниот комитет за американско-кинески односи, американска организација која се занимава со размената меѓу двете големи сили.
Блинкен го предупреди Пекинг за загриженоста на САД за Тајван
Во своето писмо, кинескиот претседател оцени дека односите меѓу двете земји денеска се на „крстопат“ и наведува дека „соработката е единствениот добар избор“. Белата куќа на почетокот на октомври објави дека до крајот на годината ќе се одржи виртуелен разговор меѓу двајцата лидери. Односите меѓу Пекинг и Вашингтон се на многу ниско ниво за низа прашања, од трговија до човекови права преку регионалните амбиции на Кина. Тензиите дополнително се зголемија во последните недели во врска со проблемот со Тајван.