Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика светските лидери да им укажат на своите преговарачки тимови на климатската конференција на ОН да постигнат амбициозен договор за ограничување на глобалното затоплување. Џонсон им рече на новинарите во Глазгов, каде што се одржува климатската школа COP26; дека целта е на повидок, но за да се постигне, земјите учеснички треба „одлучно да туркаат“. „Фрустрирачки е да се гледаат земјите кои поминаа шест години видно честитајќи си за потпишувањето на Парискиот договор како сега мирно пристапуваат кон неуспех“, рече тој.
Самит за клима - Можно ли е земјите од Балканот да воведат данок на CO2
Страв, тага и очај, младите и климатските промени
Парискиот климатски договор предвидува ограничување на затоплувањето на планетата под два Целзиусови степени во однос на прединдустриската ера. Британскиот премиер изјави дека остануваат само уште неколку дена и дека останува уште многу да се направи. Двонеделната климатска конференција на ОН во Глазгов ќе трае до 12 ноември.