„Деблокадата на патот кон Европската унија зависи само од една држава. Блокадата е ставена од Софија и само Софија може да ја тргне“, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21, Пендаровски анализирајќи ја актуелната политичка ситуација во Бугарија оцени дека до 14 декември нема да има формирано влада и дека актуелниот претседател Румен Радев ќе биде единствената функционална институција.
Руте - Проблемот со Бугарија не треба да биде пречка за преговорите
Во однос на оспорувањето на нашиот идентитет и јазик од страна на Бугарија, Пендаровски вели дека јазикот и идентитетот не влегуваат во ниту еден сет на критериуми за членство во Европската унија и оти откако Бугарија увидела дека реториката околу историјата на Балканот не поминува кај Европската унија, во последните месеци ја менува реториката и зборува за дискриминација на Бугарите. Отворањето на Уставот, според него, нема да го реши проблемот.
Бугарско МНР реагира на кампањата на СДСМ против Данела Арсовска
Пендаровски откри и дека според последните анкети паѓа евроентузијазмот во земјата. Само во последната година евро-ентузијазмот е паднат за околу 25 проценти. Анкетите, како што посочи, покажуваат и дека за првпат на врвот на листата на пријатели на земјава, граѓаните не ги посочуваат западноевропските држави туку Русија и САД.