Холандскиот премиер Марк Руте денеска во Скопје изјави дека смета оти Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите со Европската унија и изрази надеж дека ЕУ ќе биде поактивна во обидите да помогне во решавање на проблемот со Бугарија.
Руте е во прва официјална посета на земјава. Тој рече дека Холандија била една од земјите кои долго време била против преговори со ЕУ, но посочи дека во изминатите неколку години бил направен голем напредок.
„Многу сме среќни што на крај ЕУ одлучи да ги започне преговорите. За жал сега е проблем Бугарија и мора да го решиме. Сепак се грижиме за овој проблем со цел да почнат преговорите“, изјави Руте.
Но, тој додаде дека е претпазлив оптимист во однос на тоа дали Северна Македонија ќе ги почне преговорите во декември.
Почнувањето на преговорите на Северна Македонија и Алнабанија со ЕУ за блокирани од страна на Бугарија од декември 2019 година. Членкта на ЕУ сега е во ситуација во која неколкупати се одржуваат парламентарни избори, бидејќи ниту една партија и коалиција не може да состави влада.
Руте рече дека се надева оти ќе се најде решение по изборите во Бугарија на 14 ноември, наведувајќи дека неговите колеги во ЕУ го делат ставот дека билатералното прашање меѓу Скопје и Софија не треба да биде пречка за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија.
Во однос на тоа дали евентуална промена на власта може да влијае на процесот за почнување на преговорите, тој рече дека тоа е внатрешно политичко прашање на државата и дека ќе работат со секоја влада.
Холандскиот премиер Марк Руте денеска пристигна на аеродромот во Скопје каде го пречека вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, а потоа оствари средби со премиерот Зоран Заев и со претседателот на државата Стево Пендаровски.