Милијарди...

МАКЕДОНИЈА - Судот на правдата на Европската унија (ЕУ) денеска ја потврди казната од 2,4 милијарди евра изречена од Комисијата во 2017 година против интернет компанијата Google за злоупотреба на нејзината доминантна позиција на пазарот на пребарувачи, пренесува Ројтерс.

МАКЕДОНИЈА - Нов ревидиран список попладнево е поднесен во Собранието со барање за гласање на недоверба на Владата. На списокот не е лидерот на Левица - Димитар Апасиев, но тој и неговиот колега пратеник Крмов ќе гласаат за недоверба на Владата.

КОСОВО - Во Косово се регистрирани 12 случаи на делта плус видот на коронавирусот, соопшти денеска косовското Министерство за здравство. Делта плус сојот бил тестиран на 59 луѓе во лабораторија во Германија.

ЕУ - Следниот состанок на главните преговарачи меѓу Србија и Косово ќе се одржи во вторник на 16 ноември, потврди за Радио Слободна Европа Петер Стано - портпарол на Европската унија.

ГЕРМАНИЈА / РУСИЈА - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска му телефонираше на рускиот претседател Владимир Путин и побара од него да го искористи своето влијание врз белорускиот лидер Александар Лукашенко, за да се стави крај на кризата со мигрантите на границата со Полска.

МАКЕДОНИЈА / ХОЛАНДИЈА - Холандскиот премиер Марк Руте денеска е во посета на Скопје, каде го пречека вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

САД - Американската Амбасада во Србија за Гласот на Америка оцени дека Ратко Младиќ не треба да биде лицето кое Белград го покажува на светот, по повод инцидентите и апсењата на активисти кои фрлаа јајца на муралот со ликот на хашкиот осуденик Ратко Младиќ.

БУГАРИЈА - Шпекулации се тврдењата дека има нерегуларности во подготовката на изборите во Бугарија. Ова на почетокот на состанокот на бугарската влада го изјави премиерот Стефан Јанев, јави дописникот на МИА од Софија.

ЕУ - Европската комисија одобри договор со фармацевтската компанија Валнево за набавка на речиси 27 милиони дози од вакцината против ковид 19 во текот на 2022 година.