Ескобар-Шмит: САД ќе направи се за да успее БиХ

Габриел Ескобар и Кристијан Шмит

Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан на крајот на неговата посета на Босна и Херцеговина (БиХ), разговараше со високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит за „одбраната на Дејтонскиот мировен договор“.

Како што е објавено на Твитер профилот на Амбасадата на САД, Ескобар изразил задоволство што имал можност да разговара со високиот претставник Шмит за заедничката заложба за одбрана на Дејтонскиот мировен договор и за воведување поголема функционалност во БиХ.

Ден претходно, на крајот од посетата на БиХ, американскиот дипломат во видео порака до граѓаните на БиХ рече дека „САД се подготвени да работат преку дијалог, но доколку е неопходно ќе направат се што е потребно за да се обезбеди успех на оваа земја“.

За време на неговата посета на БиХ, Ескобар се сретна со членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ и Милорад Додик. Тој, исто така, се сретна со раководството на двата дома на Парламентарното собрание на БиХ и со претставници на владејачките и опозициските партии на ниво на БиХ и нејзините два ентитета.

Пред посетата на Босна и Херцеговина тој нагласи дека „во БиХ нема да има војна“, а за потезите на владејачката во Република Српска на чело со Милорар Додик, Ескобар оцени дека „Додик ги штити неговата моќ и богатство“.