Не можат сите партнери на Вашингтон да бидат вклучени во иницијативата на Самитот за демократија на американскиот претседател Џо Бајден, а целта е да се собере регионално и социо-економски разновидна група на земји и правни инстанци, наведува американската амбасада во Белград во врска со тоа дека Србија не е поканета на собирот.
Вучиќ: писмото на американските конгресмени e еднопартиско
„Самитот за демократија на претседателот е една од многуте американски иницијативи насочени кон унапредување на демократијата, борбата против корупцијата и промовирање на почитувањето на човековите права ширум светот. САД остануваат посветени на соработката со Србија за унапредување и зајакнување на демократијата преку други форуми“, наведува американската амбасада во Белград.
Зошто Косово бара постојана американска воена база?
Самитот за демократија во организација на Бајден ќе се одржи на 9 и 10 декември и ќе собере повеќе од 100 земји, со цел запирање на падот на демократијата и ерозијата на човековите права и слободи ширум светот. Според порталот „Политико“, Србија, Косово и Босна и Херцеговина не се меѓу 100-те поканети земји и правни инстанци, а на листата на поканети земји од Западен Балкан се: Црна Гора, Албанија и Северна Македонија.