Во Институтот за белодборни заболувања кај децата – Козле се хоспитализирани 21 дете заболено од Ковид-19 и сите се во добра општа состојба изјави за МИА, директорот на таа јавна здравствена установа, Бесник Зеќири.
Тој информира дека хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години.
„Од заболените деца, 80 отсто се на возраст од 8 до 16 години. Две заразени деца се на кислородна поддршка“, вели д-р Зеќири.
Инаку во текот на вчерашниот ден здравствените власти соопштија дека се регистрирани 156 нови случаи на ковид 19, од 1309 тестирања, додека десетмина починале.