Руски „Газпром“ почна да ги полни европските резерви со гас

илустрација

Рускиот гасен гигант „Газпром“ денеска објави дека започнал со спроведување на планот за надополнување на европските резерви на гас, чии екстремно ниски нивоа придонесоа за рекордни цени на енергијата во последните месеци.

„Газпром“ го одобри и почна да го спроведува планот за испорачување гас во пет европски подземни складишта“, соопшти руската компанија, без да прецизира дали полнењето веќе започнало и во кои земји се наоѓаат капацитетите.

„Газпром“ соопшти дека се утврдени обемот и маршрутите на транспорт на гас.

Европа, каде една третина од гасот доаѓа од Русија, со месеци се соочува со пораст на цените на бензинот, во услови на зголемена побарувачка поради економското закрепнување, бидејќи ситуацијата со епидемијата на корона вирусот е подобрена.

Цените на бензинот паднаа кон крајот на октомври кога рускиот претседател Владимир Путин му нареди на „Газпром“ да ги зголеми испораките за Европската Унија откако ги пополни руските резерви.

Извршниот директор на „Газпром“ Алексеј Милер тогаш изјави дека се планира да се заврши со полнењето на руските резерви гас до 8 ноември, по што ќе следи зголемување на испораките на гас од ЕУ.