Пожар во стан со отпад во скопската населба Пролет

илустрација

Во близина на Транспортен центар, во населба Пролет, денеска изби пожар, а според информациите, тој настанал од запалено ѓубре во стан на приземниот кат.

Според првичните извештаи се работи за лице кое живее сам и во својот стан собира отпад којшто повремено го пали.

Денешниот е трет сличен инцидент со подметнат оган во истиот стан.

Пожарот е изгаснат и во него нема повредени станари.