Министерот за здравство на Србија Златибор Лончар изјави дека бил „потпишан“ договор со претставници на компанијата „Фајзер“ за дистрибуција во Србија на нивниот експериментален лек за лекување на коронавирус. Србија е трета земја во светот што склучила ваков договор со компанијата „Фајзер“, и прва што ќе го има во употреба. „Ние сме трета земја во светот што потпиша договор со „Фајзер“ и ќе бидеме првите што ќе го имаме тој лек, кој има 89 проценти успешност за избегнување болничко лекување и посериозни компликации“, рече Лончар.
„Бев анти-ваксер“: во Србија се вакцинираат и поради недоверба во здравството
Тој наведе дека е видлив благ пораст на бројот на вакцинирани од воведувањето на ковид-пропусниците. „Очекувано е и затоа го правиме. Ќе направиме сѐ, да го зголемиме опфатот на вакцинацијата и да имаме безбедна состојба на сите полиња“, рече Лончар и ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот.