Чешките партии потпишаа договор за поделба на власта за формирање коалициска влада по парламентарните избори во земјата минатиот месец, ветувајќи дека ќе ја усогласат надворешната политика со ЕУ и НАТО, и дека ќе ги „преиспита“ односите со Русија и со Кина.
Петр Фала од Граѓанската демократска партија, според договорот, треба да биде нов премиер.
Договорот треба да стави крај на владеењето на евроскептичниот премиер Андреј Бабиш и неговото популистичко движење АНО. Граѓанско демократската партија, христијанските демократи, ТОП 09, Партијата на пиратите и партијата СТАН заедно освоија 108 пратеници во 200-члениот Долен дом на Парламентот на избори на 8 и 9 октомври.
- Претседателот на Чешка Земан префрлен од интензивна нега
- Превирања во Чешка поради овластувањата на претседателот Земан
Во коалицискиот договор се нагласува потребата од справување со растот на бројот на заразени со коронавирус, високата инфлација и намалување на буџетскиот дефицит.
Во договорот се наведува дека надворешната политика „ќе се заснова на закотвување со ЕУ и НАТО и на добри односи со сите соседни држави“ и дека ќе ги „преиспитаат“ односите со Русија и Кина. Нема објаснување што значи преиспитување на односите.