Шест лица загинаа, а две се сериозно повредени во несреќа во рудник во Казахстан, соопшти министерството за вонредни ситуации. Експлозијата се случила рано денеска во рудник за јаглен на Арчелор Митал.
Во моментот на инцидентот 64 работници биле во рудникот, а 56 успеале да избегаат.
Компанијата Арчелор Митал соопшти дека до несреќата дошло при експлозија на гас во рудникот. Владината комисија на чело со министерот за вонредни ситуации е на местото на настанот.
Сличен инцидент се случи во истиот рудник во 2008 година кога при експлозија на метан гас загинаа 30 луѓе, а 14 беа повредени. Рударските несреќи се чести во поранешните советски републоки пред се поради недоволните безбедносни мерки и застарената инфраструктура.