На месец пред разговорите за нуклеарната прогама, Иран почна воени вежби

Фотографија од воениете вежби објавена од иранското министерство за одбрана,7.11.2021

Иран започна со годишните воени вежби денеска јави државната телевизија, на помалку од еден месец пред закажаната нова рунда разговори за оживување на иранскиот нуклеарен договор. Според извештајот морнарницата и воздушните единици како и копнените сили учествуваат во воените вежби во областа голема повеќе од еден милион квадратни мерки источно од стратегисткиот теснец Хормуз. Речиси 20 отсто од целиот нафтен превоз поминува низ теснецот во Оманскиот залив и Индискиот океан.

Државната телевизија јави дека воените вежби се одржуваат за да се подобри поготвеноста за одговор на надворешните закани и каква било инвазија.
Вежбата доаѓа во време на зголемени напори за оживување на договорот меѓу Иран и светските сили постигнат во 2015 година.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги извади Соединетите Американски Држави од договорот во 2018 година, но Британија, Франција, Германија, Кина и Русија се обидуваа да го зачуваат. Актуелниот американски претседател Џо Бајден изјави дека е подготвен повторно да се приклучи, но ако Иран се врати на целосно усогласување. Индиректните преговори меѓу Техеран и светските сили што започнаа во април во Виена беа ставени на мирување во јуни откако исламската република го избра тврдокорниот Ибрахим Раиси за претседател.