СДСМ разговора со сите партии коалициски партнери, кои потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно и изразија поддршка на Владата од оваа парламентарно мнозинство, соопшти денеска владејачката СДСМ.
Од друга страна, пак, во соопштението е посочено дека согласно статутарните одредби на партијата, со оставката на Зоран Заев на местото лидер на партијата, во оставка е и целото раководство на СДСМ.
Во соопштението се посочува дека заедно со претседателот Зоран Заев, партиското раководство работи на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.
Од партијата информираат дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство.
„На денешниот состанок на раководство на СДСМ, претседателот на партијата Зоран Заев информираше за консултациите и разговорите со коалициските партнери“ се вели во соопштението од СДСМ.