Европа регистрира пораст од 55 насто на случаи на ковид-19 во последните четири недели, и покрај достапноста на вакцините. Тоа треба да послужи како „предупредување“ за другите региони, изјавија официјални лица на Светската здравствена организација. Директорот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан, рече дека некои европски земји имаат „недоволна покриеност со вакцинација“ и покрај достапноста. „Тоа е предупредување за светот да види што се случува во Европа и покрај достапноста на вакцините“, рече Рајан.
СЗО – Европа повторно во епицентарот на заразата со коронавирус
Речиси 1,8 милиони нови инфекции се регистрирани во Европа во минатата недела, што е зголемување за шест проценти и 24.000 смртни случаи, што е зголемување за 12 проценти. Веќе петта последователна недела расте бројот на нови заразени во Европа и тоа е единствениот регион во светот кој бележи пораст на нови инфекции. Од друга страна, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аднан Гебрејезус, рече дека земјите кои вакцинирале повеќе од 40 отсто од населението треба да донираат вакцини на земјите во развој чии граѓани чекаат да ја добијат првата доза. „Повеќе не треба да се даваат бустер дози, освен на луѓе со ослабен имунитет“, рече тој. Повеќе од 60 земји почнаа да даваат „бустер“ дози. Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге предвидува дека во Европа, доколку продолжи трендот, до февруари може да починат уште 500.000 луѓе како резултат на инфекцијата.
СЗО ја одобри индиската вакцина Коваксин за итна употреба
Главниот научник на СЗО, Соумја Сваминатан пак, изјави дека коваксинот на индискиот производител на лекови Bharat Biotech покажал околу 70% ефикасност против варијантата делта. СЗО во средата соопшти дека дала одобрение на овој лек за итни случаи.