Помина премногу време од Дејтонскиот договор и ветувањето на лидерите на Европската унија во Солун дека ќе ја отворат вратата за Западен Балкан и сега е „време ЕУ да го забрза тоа“, соопшти во Будимпешта Парламентарното собрание на Советот на Европа. Резолуцијата, образложена од грчкиот пратеник Јоргос Папандреу и усвоена од Комитетот за политички прашања и демократија на СЕ, повика „ЕУ да го забрза процесот на интеграција на Западен Балкан со продолжување на преговорите со Србија и Црна Гора и започнување преговори за членство“ со Албанија и Северна Македонија, да ѝ додели кандидатски статус на Босна и Херцеговина и да воведе безвизен режим за народот на Косово“.
Капчан - САД и ЕУ сакаат да го „вакцинираат“ Балканот против руско и кинеско влијание
Долгото време од неисполнетите ветувања на ЕУ, се наведува во документот, „предизвика разочарување, губење на надежта, поттикна етноцентрични аспирации и националистички копнежи, што ја уништи довербата во ЕУ кај јавноста во регионот и го отвори патот за други геополитички фактори“. Пред пратениците на овој Комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа се обрати и европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.
Која беше поентата на самитот ЕУ - Западен Балкан?
Во резолуцијата на Комитетот на Парламентарното собрание на СЕ се истакнува дека „поддршката за демократските реформи, помирувањето и добрососедските односи на Западен Балкан се од суштинско значење за мирот, безбедноста и демократската стабилност во цела Европа“. Резолуцијата ги повикува телата на СЕ да придонесат за таквиот реформски процес и се нагласува дека се нудат опипливи методи за поддршка на „јасната европска перспектива на Западен Балкан“.