Државната изборна комисија (ДИК) на денешна седница ги објави конечните резултати во неколку општини од гласањето на локалните избори 2021. Исто така одлучуваше и за поднесените приговори од подносителите на листи.
До ДИК беа поднесени 15 приговори: од партијата ДУИ беа поднесени пет приговори, од ТМРО седум и три од Група избирачи „Енвер Пајазити“.
Првиот круг од локалните избори во Северна Македонија се одржа на 17 октомври, додека вториот круг од гласањето беше на 31 октомври, по што најмногу општини и советници освои ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и главниот град Скопје.
На второ место според освоени општини и советници е владејачката СДСМ, па потоа ДУИ, АА, Левица и независните кандидати. По објавувањето на резултатите, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев најави оставка од премиерската функција и од претседатател на партиајта.
ДИК ги отфрли седумте приговори на ТМРО во Сраро Нагоричане со образложените дека не биле поднесени преку овластен претставник или лично до архивата на ДИК, односно дека биле поднесени до општинските изборни комисии. Како што наведе изботната Комисија, то било спротивно на Изборниот законик.
На трите приговори на ДУИ во Општина Студеничани за заштита на избирачко право на подносителите на листи, што според партијата бројот на гласачите не се совпаѓал со вкупниот број на гласачки ливчиња, ДИК одлучи да биде отворен материјалот и да се види фактичката состојба. Комисијата едногласно изгласа дека се одбиени трите приговори на ДУИ.
Но, ДУИ поднесе и два приговори за Општина Желино со објаснување дека отпечатоците од прст не се совпаѓаат со бројот на гласачите и дека граѓанин гласал со неважечка лична карта. На тоа ДИК одлучи да биде отворена избирачката кутија за да се утврди дали граѓанинот гласал со неважечка лична карта на избирачкото место 2107, а потоа, како што наведува Комисијата, да се утврдат неправилностите со гласањето со отпечаток од прст.
За да утврди дали имало неправилности ДИК побара од ОИК од Желино да и достави посебни обрасци на избирачките списоци со решенија за запишување на посебно избирачко право.
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги повлекоа приговорите за изборните резултати во вториот круг на изборите во неколку општини. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски ги објави конечните резултати во Конче каде победник е Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ, во Кочани – Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ, Пробиштип – Драган Анастасов од СДСМ, Чешиново-Облешево – Далибор Ангелов од СДСМ, Шуто Оризари – Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ.
Комисијата ги разгледува приговорите на групата избирачи Енвер Пајази за Брвеница.