Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е стапката на преносливост на коронавирусот во Европа во моментов е „многу загрижувачка“ и дека континентот „повторно е во епицентарот“ на заразата. СЗО предупреди дека во Европа би можело да има уште половина милион смртни случаи од ковид-19 во февруари.
Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на онлајн конференција за новинари рече дека моменталната стапка на преносливост во 53 земји од европскиот регион е „многу загрижувачка“.
СЗО го објаснува зголемениот број случаи со недоволната вакцинација и попуштањето на епидемиолошките мерки.
Бројот на хоспитализации поврзани со ковид-19, како што наведува СЗО, е „повеќе од удвоен за една недела“.