Граници, судии, војници...

МАКЕДОНИЈА - За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а за исто толку е зголемен на Охридското, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

ГЕРМАНИЈА - Судот во Германија денеска прогласи за виновна и ја осуди на доживотен затвор 28-годишна жена за убиството на своите пет деца во нивниот дом во Золинген во септември минатата година.

СРБИЈА - Во рамките на иницијативата Отворен Балкан, денеска во Белград почна средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и македонскиот вицепремиер Никола Димитров.

ШКОТСКА - Повеќе од 40 земји се обврзаа дека ќе престанат да користат јаглен, како дел од ветувањата дадени на самитот за климата COP26, соопшти британската влада. Големите земји што користат јаглен, вклучувајќи ги Полска, Виетнам и Чиле, се меѓу оние кои се обврзаа на ваков потег.

САД - Кина ги зголемува своите нуклеарни сили многу побрзо отколку што предвидуваа американските власти пред само една година, се вели во најновиот извештај на Пентагон.

УКРАИНА - Украина објави дека Русија оставила десетици илјади војници недалеку од руско-украинската граница по воената вежба за да изврши притисок врз Киев.

БИХ - Командантот на ЕУФОР во БиХ, генерал Александар Плацер изјави дека во БиХ нема воена закана, наведувајќи дека општата ситуација во таа земја е стабилна.