Македонија, Србија и Албанија од 2022 со една работна дозвола

Илустрација

Српските, македонските и албанските граѓани од идната година може да сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, јави МИА од Белград.

Пазарот на трудот станува навистина проблематичен. Мора да најдеме, за да го прошириме бизнисот, да правиме нови зделки, треба да имаме простор каде ќе ја реализираме работата и луѓе со кои ќе ја реализираме работата. Превозот е се поскап, а она што е веќе направено во рамки на Отворен Балкан, го скрати патот од почетокот на иницијативата до денес меѓу овие три земји – патот на камиони, стоки кои почнуваат да излегуваат од Албанија и да стигнуваат до Србија, за цел ден, што им заштеди пари на компаниите“, изјави Чадеж пред денешната средба во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Тој најави дека на денешната средба, во Рамките на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, ќе присуствуваат 22 компании од Србија, Албанија и Македонија од различни области.