Украина тврди дека Русија има 90.000 војници во близина на границата

Сателитски снимки од воено распоредување во близина на границата со Украина, архивска снимка

Украина објави дека Русија оставила десетици илјади војници недалеку од руско-украинската граница по воената вежба за да изврши притисок врз Киев. Министерството за одбрана на Украина соопшти дека околу 90.000 руски војници се распоредени недалеку од границата, но и во областите на истокот на Украина кои се под контрола на проруските сепаратисти. „Русија распоредуваше војници од време на време и го зголемуваше нивниот број со цел да ги одржи тензиите во регионот и да врши политички притисок врз соседните земји“, соопшти Министерството.

ЕУ размислува за обука на украинската војска

Русија ги поддржува сепаратистите во источна Украина кои се побунија против владата во Киев веднаш по руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година. Русија упорно негира дека нејзини војници се присутни во источна Украина. На почетокот на оваа година, Русија собра војска на западот на земјата и ја зголеми загриженоста на Украина и на Западот. Москва тогаш изјави дека војниците се распоредени за вежбата, која започна како одговор на распоредувањето на силите на НАТО во близина на руската граница.