Командантот на ЕУФОР: Нема воена закана во БиХ

Војници на ЕУФОР од Словачка во центарот на Сараево, Босна и Херцеговина

Командантот на ЕУФОР во БиХ, генерал Александар Плацер изјави дека во БиХ нема воена закана, наведувајќи дека општата ситуација во таа земја е стабилна. Плацeр ја отфрли можноста за испраќање војници на ЕУФОР во Брчко, место кое ја дели Република Српска на два дела, оценувајќи дека таквиот потег повеќе ќе придонесе за ескалација отколку за смирување на ситуацијата во БиХ. „Ние сме таму и во моментов не гледаме потреба од дополнително присуство на војници“, изјави тој за австриски Стандард. Командантот на ЕУФОР во БиХ рече дека основната мисија на овие сили е одржување на безбедна и стабилна средина, наведувајќи дека со 600 оперативни членови, ЕУФОР има доволно резервни сили кои можат да бидат распоредени во секое време доколку е потребно.

Стејт департмент: Заканите кон институциите на БиХ против интересите на граѓаните на земјата

Вучиќ: Важно е да се отвори дијалог во БиХ, санкциите не решаваат проблеми

Тој додаде дека во случај на потреба, резервните сили може да дојдат од други балкански земји, а може да се користи и КФОР од Косово. Тој изјави дека ЕУФОР „се подготвува за одредени сценарија“, додавајќи дека годинава на воената вежба дошле околу 700 војници како резервни сили. Тој нагласи дека ЕУФОР може да реагира самоиницијативно, доколку командантот на тие сили види дека е загрозена безбедната и стабилна средина во БиХ, за што, како што наведе, не му е потребна дозвола од Брисел. Тој рече дека мандатот и задачите на ЕУФОР се „целосно одвоени од цивилните задачи на високиот претставник“.