Советот за безбедност на ОН ги прошири мировните сили во Босна и Херцеговина со едногласно гласање кое дојде откако од резолуцијата беше отстрането секако споменување на канцеларијата меѓународен пратеник во БиХ. Тоа беше направено за да може резолуцијата да добие поддршка од Русија и Кина. Резолуцијата ги овластува мировните сили предводени од Европската унија од 600 војници, познати како ЕУФОР, да останат уште една година. Отстранувањето на секое повикување на Канцеларијата на високиот претставник дојде откако Кристијан Шмит, во својот прв извештај до Советот за безбедност оцени дека балканската нација се соочува со „егзистенцијална закана“ од сепаратистичките дејства на босанските Срби.
Мировниот договор во БиХ е во опасност доколку меѓународната заедница не дејствува
Пораки за мир и стравот од нова војна во БиХ
Извештајот на Шмит предупреди дека изгледите за понатамошна поделба и конфликт во Босна се „многу реални“ и оти заканите од лидерот на босанските Срби Милорад Додик за повлекување на српските трупи од босанската армија и создавање посебна српска сила и други потези „на крајот ќе ја поткопа државата, нејзината способност да функционира и да ги извршува своите уставни обврски“. Шмит, кој ја презеде канцеларијата на високиот претставник во август, не го информираше Советот во, како што рекоа дипломатите, уште еден потег за смирување на Русија и Кина. Русија долго време го поддржува барањето на Република Српска за затворање на Канцеларијата на високиот претставник, која беше формирана како дел од мировниот договор од 1995 година за да се обезбеди усогласеност со цивилните аспекти на спогодбите.