Мицкоски – Ако не го почитуваме Преспанскиот договор ќе имаме проблеми со институциите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека Преспанскиот договор е реалност која не им се допаѓа, но доколку не се почитува таа реалност во рамките на административното функционирање на институциите тогаш ќе имаат проблем со други инстанци, како обвинителство, судство.

„Дали ќе работиме таа реалност еден ден кога ќе имаме можност да се промени јас ви кажувам да, работиме“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе го почитува Преспанскиот договор.

Дел од градоначалниците коишто се избрани од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводени од ВМРО-ДПМНЕ при стапувањето на функција потпиша свечени изјави со името Република Македонија без придавката Северна.

Од македонското МНР потоа повикаа на доследна примена на уставните и законските одредби за името на државата.