Трета доза вакцина против ковид примиле 36.424 граѓани

Вакцинирање против ковид-19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини против ковид-19, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со втори ноември вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат од Министерството за здравство.