Палестинските семејства ја отфрлија понудата да се одложи нивното иселување од спорната населба во Ерусалим за да можат еврејските доселеници да се преселат таму. Заканите за иселување во април и мај предизвикаа протести и судири меѓу Палестинците и израелската полиција, не само во соседството, туку и во Харам ал-Шариф, свето место за Евреите и муслиманите. Тие судири траеја со недели додека не избувна војната со исламскиот екстремистички Хамас кој владее со Газа. Четири семејства од населбата Шеик Јарах во близина на Стариот град Ерум изјавија дека одлуката произлегува од вербата во правдата и нивното право на своите домови во нивната татковина.
Четири Палестинци убиени во судирите со израелските војници на Западниот Брег
Стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хамас
Како што наведоа, наместо да се согласат на неправеден договор, решиле да го свртат меѓународното внимание на нивните маки. Да се согласеа со предлогот на Врховниот суд на Израел, ќе беа заштитени станари и немаше да бидат иселени во рок од најмалку 15 години, соопшти израелската организација за човекови права Ир Амим, која будно ги следи настаните во Ерусалим. Тие четири семејства се само дел од десетици слични во Ерусалим, кои организациите на еврејските доселеници со децении се закануваат дека ќе ги иселат. Соединетите Држави се против ислеувањето, велејќи дека тоа ги поткопува напорите за обнова на долго закочениот мировен процес. Израел го освои Источен Ерусалим заедно со Западниот Брег и Појасот Газа во Шестдневната војна во 1967 година.