Заев не ја одолговлекува оставката, тврди неговиот кабинет

Премиерот Зоран Заев

Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност, велат од кабинетот на претседателот на Владата Зоран Заев по разните, како што нагласуваат, неточни брифинзи дека планот на премиерот бил да ја одолговлекува оставката.

Посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалиционите партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада која го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.

Заев поднесе оставка на премиерската функција и од лидерската позиција во СДСМ поради лошите резултати на локалните избори, но истакна дека владината коалиција и парламентарното мнозство се стабилни и продолжуваат да функционираат.

Коалиционите партнери по вчерашната средба во Владата со Заев соопштија дека се против ново парламентарни мнозинство и предвремени избори.