Декларација на лидерите на 110 земји за заштита на шумите

Климатскиот самит во Глазгов

Лидерите на 110 земји потпишаа декларација со која ветуваат дека ќе го запрат уништувањето на шумите до 2030 година и ќе помогнат во напорите да се запре глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови. Заедничката изјава беше потпишана денеска на климатскиот самит COP26 во Глазгов, Шкотска, од страна на лидерите на земјите кои заеднички сочинуваат 85 отсто од шумите во светот.

Британскиот премиер Борис Џонсон, домаќин на самитот, го поздрави ветувањето на светските лидери за ставање крај на како што рече, големиот масакр со моторна пила во светските шуми.

„Тие презедоа значајна посветеност да работат заедно за да се запре и да се поништи уништувањето на шумите и деградацијата на земјиштето до 2030 година, не само да се запре, туку и да се врати назад“, рече Џонсон.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека Соединетите Држави ќе користат широк спектар на мерки што им стојат на располагање за да обезбедат не само запирање на загубата на шумите, туку и враќање на нејзините ефекти.

„Денеска објавувам нов план за зачувување на глобалните шуми кој ќе собере целосен опсег на алатки на американската влада- дипломатски, финансиски и политички за да се запре загубата на шумите, да се обноват критичните јаглеродни опаѓања и да се подобри управувањето со земјиштето“ изјави Бајден.

Меѓу потписниците се Бразил, Индонезија и Демократска Република Конго, кои имаат некои од најголемите и најзагрозените шуми во светот.