Претставниците на американската и европската дипломатија Метју Палмер и Анџелина Ајхорст ќе се вратат во БиХ во средината на ноември за да посредуваат во преговорите за измените на изборниот закон, објавија денеска локалните медиуми повикувајќи се на неименувани извори во Министерството за надворешни работи на БиХ.
Минатата недела заврши серијата средби без резултати меѓу европските и американските посредници со лидерите на политичките партии во БиХ.
Палмер и Ајхорст на крајот на минатонеделната посета на Сараево истакнаа дека тие само помагаат во преговорите, додека главната одговорност за постигнување на договор е на босанските политичари.
Видете и ова: Русија се закани со вето во СБ на ОН поради именувањето на ШмитСега во преговорите се вклучени и правни експерти од Венецијанската комисија на Советот на Европа, со цел да се најде решение што би значело спроведување на сите пет пресуди на Европскиот суд за човекови права, односно елиминирање на постоечката дискриминација во изборниот процес заснована на етничката припадност или местото на живеење на кандидатот за различни должности.
Во меѓувреме во својот извештај до Советот за безбедност на ОН, високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит, предупреди дека земјата е во директна опасност од распаѓање и дека постои „многу реална“ можност за враќање на конфликтот.
Според британски Гардијан, кој имал увид во документот, Шмит ќе предложи зајакнување на меѓународните мировни сили во БиХ доколку, како што наведе, „српските сепаратисти“ ја реализираат заканата дека ќе се повлечат од вооружените сили на БиХ и ќе формираат сопствена војска.