Османи: На земјата не и се потребни предвремени избори

Бујар Османи, министер за надворешни работи на РСМ

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и портпарол на ДУИ, за албанската телевизија Њуз 24 истакна дека на државата не и требаат предвремени избори, бидејќи земјата ќе влезе во политичка криза. Тој изјави дека ДУИ и тој како прв министер Албанец за надворешни работи, ќе продолжат да го одржуваат евроатлантскиот курс, кој е од витално значење не само за земјата, туку и за регионот.

Османи меѓудругото го презентираше ставот на ДУИ за последните предизвици по завршувањето на локалните избори во Северна Македонија. Тој потсети дека ДУИ на своето конто, има 10 општини и зголемување од 20 отсто на гласачкото тело, споредено со претходните избори.

Видете и ова: Владината коалиција тврди - парламентарното мнозинство стабилно

Во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дека се фрлаат странски пари во кампањата, Османи рече дека не може да појасни што сакал да покаже Заев, но повтори дека граѓаните ја потврдиле ДУИ како голема сила.