Вкупно 57 кандидати за пратеници за изборите на 14 ноември се поврзани со поранешната Државна безбедност од времето на комунизмот, соопшти бугарската Комисија за досиеја по извршениот увид. Номинираните за бугарски пратеници кои работеле за репресивниот апарат се на листите на вкупно 18 партии и коалиции. Меѓу 2.065 кандидати за народни претставници најмногу лица кои биле во поранешните комунистички служби има во БСП – 18. Меѓу нив се и поранешните пратеници Ташко Ерменков, Румен Гечев, Велизар Енчев и Валентин Зајаков. По пет кандидати се од Движењето за права и слободи, коалицијата Патриотски фронт и партијата Русофили за преродба на татковината. ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме со промената“, „Атака“, ВМРО-БНД и „Воља“ на своите списоци имаат тројца поранешни агенти.
На изборите во Бугарија ќе учествуваат 22 партии и седум коалиции
Тројцата кандидати од партијата на двајцата поранешни привремени министри „Продолжуваме со промените“ најавија дека се повлекуваат од изборната трка и веднаш ќе ги преземат сите правни дејствија за нивно повлекување, да „не прават штета“ на „Продолжуваме со промената “. Останатите партии кои, според анкетите, имаат шанса да влезат во 47. Народно собрание на Бугарија, а во кои има поранешни кадри на Државната безбедност, се „Има таков народ“ на Слави Трифонов и антизападниот „Преродба“ на Костадин Костадинов. Тие имаат по двајца кандидати.