ДПА, НСДП, ДОМ и ЛДП остануваат дел од владејчкото мнозинство

Премиерот во оставка Зоран Заев во Собрание, архивска фотографија

Помалите коалициони партии дел од власта како ДПА, НСДП, ДОМ и ЛДП најавија дека остануваа дел од парламентарното мнозинство. Во Владата денеска на средба се повикани лидерите на коалиционите партии која следи по оставката на Зоран Заев од премиерската функција и од лидер на СДСМ откако владејачката партија беше поразена на локалните избори. Пред средбата лидерот на ДПА, Мендух Тачи изјави дека неговата партија останува дел од владејачката коалиција и не гледа никаква причина нешто драматично да се случи.

„Беа локални избори. Ако сакат да зборуваат за легитимитет на Влада, оваа влада и на овие избори има легитимитет. Апсолутно има многу повеќе гласови од опозицијата“, рече Тачи.

Претседателот на НСДП Петковски Тито Петковски изјави дека не треба да има предвремени парламентарни избори, туку дека актуелната Влада треба да продолжи со работа.

НСДП, дополни тој, останува дел од парламентарното мнозинство.

И ДОМ и ЛДП остануваат дел од парламентарното мнозинство и не се за одржување на предвремени избори. Овие две партии во коалиција настапија самостојно на локалните избори, односно не беа дел од коалицијата предводена од СДСМ.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин вели дека на Македонија и е потребна стабилност, бидејќи се соочуваме со енергетска криза и се уште трае ковид пандемијата.

Прашана дали би биле дел од друго парламентарно мнозинство, Морачанин со став дека ниту имале такви преговори, ниту пак дека тоа е нивна идеја.

Досегашниот премиер Зоран Заев вчера на прес-конференција објави дека поднесува оставка од премиерската функција и како лидер на СДСМ истакнувајќи дека ја презема одговорноста за лошиот изборен резултат. Денеска во Владата во тек е состанок со лидерите на коалиционите партнери.