Путин: температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека просечната годишна температура на воздухот во Русија расте два и пол пати побрзо отколку во светот. Тој на самитот на Г-20, на кој учествуваше преку видео врска, рече дека температурата на воздухот во Русија во последните десет години се зголемила за повеќе од половина степен. Путин рече дека прашањето за климатските промени е од големо значење, нагласувајќи дека Русија ги чувствува последиците од глобалното затоплување.

Русија ќе прави проблеми во светот и во следните две децении

Тој потсети дека Русија активно учествува во меѓународните напори за зачувување на климата. „Конкретно, таа ги почитува сите свои обврски од Рамковната конвенција на ОН за климатски промени и Парискиот договор и постојано спроведува политика на намалување на емисиите на стакленички гасови, преземајќи чекори за подигање на енергетската ефикасност на нејзината економија и ја намалува емисијата на придружните гасови од екстракцијата на нафта“, рече Путин.