Прелиминарните резултати на вториот круг од изборите во Грузија покажуваат дека владејачката партија Грузиски сон освоила 19 од 20 спорни градоначалнички места, вклучувајќи ги и сите пет во поголемите градови во земјата, додека опозицијата тврди дека гласачките ливчиња биле наместени. Централната изборна комисија на 31 октомври ги објави прелиминарните резултати кои покажуваат дека кандидатите на Грузиски сон победиле на изборите за градоначалник во главниот град Тбилиси, како и во Батуми, Кутаиси, Поти и Рустави. Кандидатите на Грузиски сон, исто така, победија во 25 од 42 окрузи на локалниот совет, со 15 окрузи кои ги освоија кандидатите на опозицијата.
Затворениот Саакашвили се согласи на медицинска помош по штрајкот со глад
По објавувањето на резултатите, Ника Мелија, лидер на опозициското Обединето национално движење рече дека изборите се неважечки. Мелиа вети „борба без компромис“, а подоцна најави дека опозицијата ќе организира големи демонстрации во Тбилиси на 7 ноември. Вчера околу 2.000 до 3.000 демонстранти се собраа во центарот на Тбилиси. Шефот на Централната изборна комисија Георги Каландаришвили рече дека гласањето било конкурентно, слободно и транспарентно.