Мицкоски – Најдобро би било власта да си замине на предвремени парламентарни избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција во партиското седиште прогласи убедлива победа на локалните избори и рече дека почнуваат промените за подобра Македонија.

Тој им се заблагодари на коалициските партнери, но и на политичките партии што ги поддржаа како Алтернатива, Алијанса на Албанците и Левица.

„Тоа докажува дека еден опозициски блок е речиси сосема извесен. Истиот тој ќе донесе огромна победа на следните парламентарни избори кои многу е веројатно дека ќе бидат предвремени“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со новото парламентарно мнозинство, Мицкоски рече дека времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите, и нагласи дека е најдобро власта да си замине на предвремени избори.