Заев поднесува оставка од местото премиер и претседател на СДСМ

Зоран Заев

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва им ја честиташе победата на локалните избори на политичките противници и рече дека поднесува оставка на местото премиер и претседател на СДСМ.

Тој рече дека ја презема одговорноста за лошите резултати на локалните избори.

„Останувам на ставот дека не треба да има предвремени парламентарни избори“, рече тој.

На прес-конференцијата во партиското седиште кусо се обрати и досегашниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов кој го призна поразот и ѝ ја честита победата на неговата противкандидатка Данела Арсовска.