Во десет општини целосно се обработени податоците од гласањето на вториот круг од локалните избори 2021. Во пет од овие општини победи ВМРО-ДПМНЕ, во три СДСМ, а во две ДУИ.
Според веб-апликацијата на Државната изборна комисија, во Арачиново победи Ридван Ибраими од ДУИ, во Боговиње Бесник Емши од ДУИ, во Вевчани Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ, во Демир Капија Лазар Петров од СДСМ, во Демир Хисар Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ, во Конче Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ, во Лозово Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ, во Пехчево Александар Китански од ВМРО-ДПМНЕ, во Росоман Стојан Николов од СДСМ и во Чашка Горан Стојановски од СДСМ.