ВМРО-ДПМНЕ со зурли и тапани пред седиштето во Скопје

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со зурли и тапани почна славје пред седиштето на партијата во Скопје. Пред седиштето на партијата членови и симпатизери на ВМРО- ДПМНЕ играат оро. На социјалните мрежи веќе прогласуваат победи во неколку општини. Од опозицијата велат дека победи се издвојувани во Охрид, Брвеница, Радовиш, Гевгелија, Зелениково, Битола, Василево, Ресен, Ново Село, Чешиново, Конче и Лозово.

Од опозицијата брифираат дека Данела Арсовска има убедливо водство пред Петре Шилегов во Скопје.