Арсовска во водство во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Охрид, Беса во Тетово

Данела Арсовска

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во водство пред актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ со 12 илјади гласа, по обработени една третина од гласачките места, покажуваат официјалните податоци на Државната изборна комисија.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков прогласи победа во вториот круг на локалните избори против актуелниот градоначалник Константин Георгиевски од СДСМ.

Кандидатот на Беса Биљал Касами прогласи победа во Тетово, а актуелната градоначалничка Теута Арифи го призна поразот.