Арифи му честиташе на Касами

Досегашната актуелна градоначалника на Тетово Теута Арифи

Кандидатката за градоначалничка на Тетово за трет мандат од ДУИ Теута Арифи на кратка прес конференција му ја честиташе победата на нејзиниот против кандидат кандидат Биљал Касами. Таа изјави дека според досега пребројаните гласови во градоначалничката трка води нејзиниот противкандидат.

„Резултатите покажуваат дека против кандидатот има повеќе гласови и општина Тетово ќе биде водена од мојот против кандидат. Сакам да му честитам за победата и му посакувам успешна работа имајќи го в предвид фактот дека Тетово е град со многу предизвици“ изјави Арифи.


Според официјалните податоци на ДИК на пребројани 30 проценти од гласачките ливчиња во Тетово Касами води со две илјади гласа повеќе. Арифи на прес конференцијата се повика на партиските изборни податоци. Таа осум години ја водеше општината.