Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на изборите во Охрид

Кирил Пецаков

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков прогласи победа во вториот круг на локалните избори.

Стоматологот Пецаков водеше и по првиот круг од изборите против актуелниот градоначалник Константин Георгиевски од СДСМ.

Според официјалните податоци од веб-страницата на ДИК, по обработени 40 отсто од гласачките места, Пецаков има предност од 1500 гласа.