Владејачката ДУИ смета дека денешниот изборен ден поминал во мирна атмосфера. Партискиот портпарол и министер за надворешни работи Бујар Османи по затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори рече дека имавме успешни избори „и тоа е севкупен политички успех, со што покажавме дека сме зрела демократија, членка на НАТО и земја што треба да ги почне пристапните преговори со ЕУ“.
Тој рече дека очекува резултатите во вториот круг да ја потврдат тенденцијата од пред две недели и да покажат силна поддршка за кандидатите на ДУИ.