Излезноста до 17 часот – 42, 37 отсто

Излезноста во вториот круг од локалните избори до 17 часот во 44 општини и Градот Скопје е 42,37 отсто, што е малку повисока од првиот круг на гласањето во истиот период, кога беше скоро 41 отсто. Во првиот круг се гласаше во 80 општини и Град Скопје.

Најголема излезност до 17 часот има во Вевчани, каде што на гласање излегле 75,6 отсто од запишаните избирачи. Излезност од над 70 отсто има и во Конче и Ранковце, а во Демир Капија гласале скоро 70 отсто од регистрираните избирачи.

Најмала излезност има во скопската Општина Сарај, каде што до 17 часот гласале 22 отсто од гласачите. Во Сарај беше избран градоначалник во првиот круг, а сега се гласа само за градоначалник на Град Скопје. Во Шуто Оризари излезноста е над 28 отсто, а во Боговиње и Теарце над 31 отсто.