Најмалку девет луѓе загинале во експлозија на автомобил бомба во близина на аеродромот во привремениот главен град на Јемен, Аден. Уште најмалку 12 луѓе се ранети при нападот. Премиерот на Јемен, Муен Абдулмалек Саид нападот го опиша како „терористички бомбашки напад“, пренесува Би-Би-Си.
Очевидци велат дека меѓу жртвите има жени и деца. До сега никој не презеде одговорност за нападот.
Локалните медиуми велат дека нападот се совпаднал со доаѓањето на поранешниот гувернер на Аден на аеродромот. Тој не е повреден во нападот.
Актуелниот гувернер и самиот беше мета на експлозија на автомобил бомба пред три недели. Во таа експлозија загинаа шест луѓе.
Меѓународно признатата влада се наоѓа во Аден од 2014-та, кога Хутите ја протераа од главниот град Сана.
Судирите ескалираа во 2015-та година кога коалицијата на арапски зејми, предводени од Саудиска Арабија стартуваа воена операција за да ги поразат Хутите.
Во борбите се претпоставува дека загинале над 110 илјади луѓе и предизвикана е една од најлошите хуманитарни катастрофи во светот со милиони луѓе кои гладуваат.