Најголема излезност до 15 часот во Вевчани, најмала во Сарај

Најголема излезност во вториот круг од локалните избори до 15 часот има во Општина Вевчани, каде што на гласање излегле 66,54 отсто од запишаните избирачи. Во Ранковце излезноста е над 60 отсто, во Конче над 59 отсто, а во Демир Капија над 58 отсто.

Најмала излезност на гласачите од 15,85 отсто има во Општина Сарај, каде што градоначалник беше избран во првиот круг, а сега се гласа само за градоначалник на Град Скопје. Во Боговиње до 15 часот на гласање излегле 24 отсто од запишаните избирачи.

Излезноста до 15 часот во 44 општини и Скопје каде се гласа за градоначалници, како што објави Државната изборна комисија, изнесува 34,22 отсто, што е повеќе отколку во првиот круг.