Јавното обвинителство соопшти дека до 15 часот добиле помал број известувања за евентуални изборни нерегуларности.
Во Шуто Оризари бил пријавен поткуп на гласачи и била отворена предистражна постапка за утврдување на фактите.
Во Кочани, пак, има повеќе пријави од две политички партии дека различни лица вршат притисоци, влијание и агитирање врз гласачи како да се изјаснат. Била дадена наредба до полицијата да ги провери наводите.
„Кочанското обвинителство, постапувајќи по кривична пријава, ги проверува и наводите дека една новинарска екипа од интернет портал извршила кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Во Кочани, пак, има пријава дека еден гласач го фотографирал гласачкото ливче, додека на друго гласачко место еден гласач искинал гласачко ливче.