Во Битола излезноста до 13 часот поголема и од изборите во 2017

Локални избори- Битола

Во Битола излезноста во вториот круг за избор на градоначалник годинава е поголема дури и од онаа во 2017 година. Според податоците од Државната изборна комисија, до 13 часот излезноста на битолчани е 32 процента, а пред четири години беше 28,86 насто.

Во однос на првиот круг на овие локални избори излезноста сега е поголема за над седум проценти.

Битола во вториот круг избира градоначалник, а во 2017 година изборот го направи во првиот круг.