ДИК: излезноста на вториот круг од локалните избори до 13 часот е над 24 насто

Локални избори 2021.

Државната изборна комисија на прес конференција посочи дека излезноста до 13 часот е над 24 отсто, односно гласале 269.674 гласачи.

„До 13 часот излезноста на гласање изнесува 24,7 насто и е поголема од излезноста во истото време во првиот круг од локалните избори“, информира претседаетелот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, додавајќи:

„Имаме мирен изборен ден, со солидна излезност. Нема создавање редици и досега нема пријавени проблеми, освен оние каде што изборниот ден почна со задоцнување“.

Скоро двојно зголемена излезност во Битола во однос на првиот круг

Највисока излезност има повторно во Вевчани каде своето право на глас го искористиле 52,46 отсто од гласачите. Потоа следуваат Ранковце со 47,76, Демир Капија 44,41%, Конче 42,65%, Пехчево 42,18%.