Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден на денешната нивна средба во Рим се согласиле да формираат заеднички механизам за подобрување на затегнатите врски, соопштија турските медиуми, по разговорите што турски официјален претставник рече дека се одржале во „многу позитивна“ атмосфера.
Ердоган се откажа од протерување на 10 западни амбасадори
Неколку дена откако сојузниците на НАТО за малку избегнаа голема дипломатска криза, Ердоган и Бајден одржаа 70-минутна средба на маргините на самитот на Г-20 во Рим. Во саботата, американски официјален претставник изјави дека ќе разговараат за човековите права и барањето на Турција да купи авиони Ф-16 и комплети за модернизација. Турската државна новинска агенција Анадолу соопшти дека Ердоган и Бајден разговарале за чекорите за зајакнување на билатералната трговија и ги истакнале основите начела на НАТО сојузот, како и стратешкото партнерство.